Закон за јавните набавки - Службен весник на РМ бр.24/2019

НАДЛЕЖНОСТ

Државната комисија за жалби по јавни набавки е надлежна за:

- решавање по жалби во постапките за јавни набавки пропишани со Законот за јавните набавки,

- решавање по жалби во постапките за доделување на договори за концесии и јавно приватно партнерство (ЈПП), и

- други работи согласно со закон.

 

  

ПРАВНАТА ЗАШТИТА

Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од Законот за јавните набавки, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за јавна набавка. Правна заштита може да бара и Бирото за јавни набавки и Државниот правобранител на Република Северна Македонија, кога ги штитат интересите на државата или јавниот интерес.

Странки во жалбената постапка се жалителот, договорниот орган, избраниот кандидат и избраниот најповолен понудувач.

Жалбата се изјавува до Државната комисија во електронска форма, а се доставува истовремено до Државната комисија и договорниот орган преку ЕСЈН. Денот на испраќањето на жалбата во ЕСЈН се смета за ден на поднесување.

 

 

ЖАЛБА

  • Содржина на жалбата

Жалбата треба да ги содржи следниве елементи:

  • податоци за подносителот на жалбата (име и презиме, назив на економскиот оператор, адреса на престојувалиште и седиште);
  • податоци за застапникот или полномошникот;
  • назив и седиште на договорниот орган;
  • број и датум на постапката за јавна набавка и податоци за огласот  за јавната набавка;
  • број и датум на одлуката за избор на најповолна понуда, поништување на постапката или други одлуки на договорниот орган;
  • податоци за дејствијата или пропуштањата за преземање на дејствија од страна на договорниот орган;
  • опис на фактичката состојба;
  • опис на неправилностите и образложение по истите;
  • предлог на докази;
  • жалбено барање и/или барање за надомест за трошоците на постапката, и потпис на овластено лице и печат.

Стандарден формулар за жалба

Стандарден формулар за одговор на жалба 

 

Подносителот на жалбата е должен да приложи и доказ за уплата на:

  • надоместок за водење на постапката,

 

и

  • административни такси

 

Роковите за изјавување жалба се одредени во член 143, 144, 145, 146, 147, 148, 149 и 150 од Законот за јавните набавки

 

Договорниот орган е должен да постапи согласно со Одлуката на Државната комисија во рок од 30 дена од денот на приемот на одлуката.

Одлуките на Државната комисија се доставуваат до странките во постапката електронски, преку ЕСЈН.