ЗА КОМИСИЈАТА

Со цел да се хармонизира системот на јавните набавки во Република Македонија со правниот систем на Европската Унија (acquis communautaire), а сето тоа во насока на приближување на Република Македонија кон Евро – атланските интеграции, основана е Државната комисија за жалби по јавни набавки.
 
Државната комисија за жалби по јавни набавки е надлежна за решавање жалби во постапката за доделување на договори за јавни набавки и е самостоен државен орган со својство на правно лице. Државната комисија обезбедува правна заштита врз основа на принципите на законитост, ефикасност, економичност и контрадикторност на постапката.
Визија на Државната комисија за жалби по јавни набавки, е да придонесе за засилување на целокупниот систем на јавни набавки, преку квалитетна и транспарентна работа.
 
Мисија на Државната комисија е да обезбеди брза, oбјективна и ефикасна правна заштита во постапките за доделување договори за јавни набавки, концесии и јавно приватно партнерство. Правната заштита е достапна во сите фази на постапката, од објавата на огласот до доделувањето на договорот за јавна набавка.
Ваквата правна заштита го промовира одржувањето и развојот на системот на јавни набавки заснован на принципите на конкуренција, еднаков третман и недискриминација на економските оператори, транспарентност и интегритет во процесот на доделување на договори за јавни набавки, концесии и ЈПП, како и на рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките за доделување договори.
 
Оваа своја мисија Државната комисија ја остварува, пред се, преку спроведување на Законот за јавните набавки и Законот за концесии и јавно приватно партнерство при што се потврдува дека тие се реално и практично остварливи, во чекор со современите потреби и реформските текови во Република Македонија.
Државната комисија за жалби по јавни набавки е конституирана со именувањето на претседателот и четирите члена со Одлука на Собранието на Република Македонија.
 
Државната комисија одлучува на седници со мнозинство гласови на членовите, а членот не може да се воздржи од гласањето. Седниците на Државната комисија ги свикува и со нив раководи претседателот, а во негово отсуство заменик - претседателот, кој се бира до редот на членовите на Државната комисија. За својата работа Државната комисија поднесува писмен извештај еднаш годишно до Собранието на Република Македонија.
Државната комисија има стручна служба со која раководи генерален секретар. Државната комисија е организирана во два сектори, во рамките на кои постојат вкупно пет одделенија, како и уште едно самостојно одделение за внатрешна ревизија, со вкупно систематизирани 43 работни места.
Персонален состав на Државната комисија:
 

ПРЕТСЕДАТЕЛ:
Кирил Каранфилов, e-mail: kiril.karanfilov@gs.gov.mk, тел. 02/ 3251-251
 
ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ:
Билјана Иванов, e-mail: biljana.vakanska@gs.gov.mk, тел. 02/ 3251-254
 
ЧЛЕНОВИ:
Елита Шуки, e-mail: elita.suki@gs.gov.mk, тел. 02/ 3251-261
Ирена Шумкоски, e-mail: irena.sumkoski@gs.gov.mk, тел. 02/ 3251-256
Томо Томовски, e-mail: mailto:tomo@gs.gov.mk, тел. 02/ 3251-255
 
СТРУЧНА СЛУЖБА:

  • Зоран Трајановски, Раководител на сектор за логистика, финансиски прашања, информатички системи и човечки ресурси, e-mail: zoran.trajanovski@gs.gov.mk, тел. 02/ 3251-267
  • Христина Ивановска-Тасевска, Раководител на одделение за финансиски прашања и управување со човечки ресурси, e-mail: hristina.tasevska@gs.gov.mk, тел. 02/ 3251-265
  • Савка Нејковска Тасева, Советник за решавање по жалби за јавни набавки од државни органи, e-mail: savka.nejkovska@gs.gov.mk, тел. 02/ 3251-264
  • Златко Ќиќерковски, Виш соработник за подготовка и реализација нa седници, e-mail:zlatko.kikerkovski@gs.gov.mk, тел. 02/ 3251-263
  • Кристина Ташковска, Соработник - административен асистент на Претседателот, e-mail:kristina.taskovska@gs.gov.mk, тел. 02/ 3251-251
  • Софија Драгоманска, Соработник - администратор, e-mail: sofija.dragomanska@gs.gov.mk, тел. 02/ 3251-264
  • Елеонора Левкоска, Помлад соработник - администратор, e-mail: eleonora.levkoska@gs.gov.mk, тел. 02/ 3251-266
  • Валентина Стојановска, Самостоен референт за архивски работи, e-mail:vale.stojanovska@gs.gov.mk, тел. 02/ 3251-260
  • Димитар Поповски, Возач II
  • Исмаил Исмаил, Домаќин, e-mail:ismail.ismail@gs.gov.mk, тел. 02/ 3251-260