С О О П Ш Т Е Н И Е

Државната комисија за жалби по јавни набавки на 23 -та Седница одржана на ден 19.05.2021 година, постапувајќи во согласност со член 132 став 7 од Законот за јавните набавки, како и во согласност со член 5 од Деловникот за начинот и работа и одлучување на Државната комисија за жалби по јавни набавки, одлучуваше за избор на заменик – претседател на Државната комисија.

С О О П Ш Т Е Н И Е

Државната комисија за жалби по јавни набавки, известува дека во наредниот период нема да биде во можност да постапува во пропишаните временски рокови по однос на жалбените предмети, со оглед на фактот дека истата работи во состав од 3 (три) члена, од кои двајца од членовите се позитивни на вирусот Ковид 19.

Воедно, Државната комисија за жалби по јавни набавки, известува дека во согласност со своите надлежности ќе продолжи со својата работа по надминување на настанатата состојба.

Скопје, 25.03.2021 год.

С О О П Ш Т Е Н И Е

             Државната комисија за жалби по јавни набавки, известува дека поради технички зафат на електричната мрежа во реонот каде што се лоцирани просториите на комисијата, нема да биде во можност да ги извршува своите функции и работни активности на ден 11.12.2020 год. (петок).

           Согласно претходно наведеното се запознаваат странките/јавноста за настанатата состојба.

С О О П Ш Т Е Н И Е

Државната комисија за жалби по јавни набавки на 63 -та Седница одржана на ден 26.11.2020 година, постапувајќи во согласност со член 132 став 7 од Законот за јавните набавки, како и во согласност со член 5 од Деловникот за начинот и работа и одлучување на Државната комисија за жалби по јавни набавки, одлучуваше за избор на заменик – претседател на Државната комисија.

Врз основа на наведеното, Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав Кирил Каранфилов – претседател, Билјана Иванов – член, Елита Шуки – член и Томо Томовски – член, едногласно одлучи започнувајќи од 26.11.2020 година во следните шест месеци, функцијата заменик – претседател да ја извршува членот Билјана Иванов.

Pages