Почитувани посетители, Добредојдовте на интернет страницата на Државната комисија за жалби по јавни набавки

Искрено се надеваме дека овде ќе ги пронајдете сите информации за спознавање на системот за правна заштита во постапките за доделување на договори за јавни набавки, концесии и јавно приватно партнерство во Република Северна Македонија.

Со цел да се хармонизира системот на јавните набавки во Република Северна Македонија со правниот систем на Европската Унија (acquis communautaire), а сето тоа во насока на приближување на Република Северна Македонија кон Евро – атланските интеграции, основана е Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Државната комисија е самостоен државен орган со својство на правно лице кое работењето и одлучувањето ги има уредено со Деловник. Државната комисија е составена од претседател и четири членови - именувани од Собранието на Република Северна Македонија кои функцијата ја извршуваат професионално за период од пет години. Државната комисија има и стручна служба во која вработените имаат статус на административен државен службеник.

Мисија на Државната комисија е да обезбеди брза, oбјективна и ефикасна правна заштита во постапките за доделување договори за јавни набавки, концесии и јавно приватно партнерство. Правната заштита е достапна во сите фази на постапката, од објавата на огласот до доделувањето на договорот за јавна набавка.

Вашите коментари и предлози можeтe да ги праќате по е-пошта на адреса: dkzjn@gs.gov.mk

С О О П Ш Т Е Н И Е

Државната комисија за жалби по јавни набавки на 32 -та Седница одржана на ден 20.05.2020 година, постапувајќи во согласност со член 132 став 7 од Законот за јавните набавки, како и во согласност со член 5 од Деловникот за начинот и работа и одлучување на Државната комисија за жалби по јавни набавки, одлучуваше за избор на заменик – претседател на Државната комисија.

Врз основа на наведеното, Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав Кирил Каранфилов – претседател, Билјана Иванов – член, Елита Шуки – член и Томо Томовски – член, едногласно одлучи започнувајќи од 25.05.2020 година во следните шест месеци, функцијата заменик – претседател да ја извршува членот Томо Томовски.

СООПШТЕНИЕ

Делегација на Државната комисија за жалби по јавни набавки на ден 12 и 13 декември 2019 година оствари работна посета на Државната комисија за контрола на постапките за јавни набавки на Република Хрватска, Загреб. На состанокот се разменети искуства од двете земји во однос на правната регулатива која ги опфаќа јавните набавки, секојдневната работа на двете институции, како и искуствата кои ги има Државната комисија на Република Хрватска во однос на електронскиот систем за примање на жалби, обработка на истите и интероперабилната работа. Состанокот е завршен со заклучок за понатамошна соработка на двете институции со цел подобрување на процесите на работа.

СООПШТЕНИЕ

Почитувани,

 

Државната комисија за жалби по јавни набавки информира дека на ден 16 декември одржа обука и панел дискусија наменета за економските оператори, на која се посочија најчестите пропусти кои што ги прават економските оператори при учество во постапките за доделување на договори за јавни набавки. На истата се даде осврт и преку практични примери на потребата од правилна примена на одредбите од Законот за јавни набавки. На настанот  учествуваа економски оператори од различни области од стопанството во Република Северна Македонија.

Pages