Листа на информации од јавен карактер

Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр. 13/2006, 86/2008, 6/10 , 42/14, 148/15”) и член 3 од Упатството за начинот и постапката за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер Државната комисија за жалби по јавни набавки ја изготви следната


ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР


- Новости

 

- Закони

 

- Документи

 

- Формулари

 

- Проекти:

  • Тековни
  • Завршени

- Архива

 

 

Граѓаните на Република Македонија можат да добијат информација од јавен карактер што ја изготвила или со која располага Државната комисија за жалби по јавни набавки со пополнување на - Барање за пристап до информации од јавен карактер, кое може да го добијат во архивата на Државната комисија или да го симнат тука.

 

Барањето за информација може да се достави во писмена форма на адресата на Државната комисија за жалби по јавни набавки - бул. „Илинден“ бр.63 а, П.фах 100, 1000 Скопје,  на  e-mail: savka.nejkovska@gs.gov.mk , како и на факс -  02 3251-250.



Граѓаните може да се информираат за  сите прашања од нивен интерес што се поврзани со правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и на телефон: (02)  3251 264.

 

Државната комисија за жалби по јавни набавки согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за службено лице за посредување со информации ја определи:  Савка Нејковска Тасева.