СООПШТЕНИЕ

Почитувани,

 

Државната комисија за жалби по јавни набавки ги известува сите економски оператори, учесници во постапката на правна заштита, дека согласно наодот од Ревизорскиот извештај бр.11-56/5 од 25.04.2017 година за извршена ревизија од страна на Одделението за внатрешна ревизија во Секторот за решавање жалби по јавни набавки, концесии и јавно приватно партнерство, како и согласно член 212 став 2 од Законот за јавните набавки, почнувајќи од 01.09.2017 година повеќе нема да праќа опомени до економските оператори за плаќање на административна такса и надомест за водење на жалбена постапка.

 

Согласно наведеното, економските оператори се должни својата обврска наведена во член 212 став 2 од Законот за јавните набавки, да ја исполнат во моментот на доставување на жалбата пред Државната комисија, односно со вложувањето на жалбата да достават доказ за извршена уплата на административна такса и доказ за извршена уплата на надомест за водење на жалбена постапка. Во спротивно, Државната комисија за жалби по јавни набавки ќе постапи согласно член 220 став 1 алинеја 3 од Законот за јавните набавки и жалбите кои што нема да имаат доказ за извршените уплати ќе бидат отфрлени како неплатени.



Известување