Тркалезна маса: „Најчести повреди во постапките за доделување на договор за јавна набавка кои ги прават договорните органи“

Државната комисија за жалби по јавни набавки на 6ти декември, 2016 година во Хотел „Сити Парк“ Скопје одржа Тркалезна маса на тема: „Најчести повреди во постапките за доделување на договор за јавна набавка кои ги прават договорните органи“.

 

На обуката беа присутни педесет претставници на договорните органи, кои имаа можност преку презентацијата на Државната комисија да се едуцираат, да земат учество во активната дискусија и да разменат искуства при спроведувањето на постапките за доделување на договор за јавна набавка.