Практични работилници организирани од SIGMA

СИГМА (Support for Improvement in Governance and Menagement, A joint initiative of the OECD and the European Union, principality financed be the EU) организираше две практични работилници за членовите и стручната служба на Државната комисија за жалби по јавни набавки, одржани на 29 и 30 ноември, 2016 година на тема: „Критериуми за доделување на договорот различни од најниската цена“ и на 15 и 16 декември, 2016 година на тема: „Понуди со невообичаено ниска цена и Интерес за добивање на договорите“ и двете одржани во Хотел „Александар Палас“, Скопје.

 

На работилниците беа презентирани и обработувани анализи на предмети од ЕУ, со фокус на практичните аспекти од работата на телата за правна заштита при јавните набавки. Опфатени беа клучните цели на процесот за јавни набавки: утврдување на способноста на економските оператори, определување критериуми за доделување на договорот, евалуација и избор на понуди, како и опис на предметот на набавката. На работилниците се елаборираше за примената на критериумите за доделување на договор за јавна набавка кои се различни од најниска цена, примената на одредбите за понудите со невообичаено ниска цена, правниот интерес за добивање на договорите како предуслов за поднесување на жалба, поништувањето на постапките за јавна набавка и други релевантни прашања. Вклучени беа презентации, вежби и анализи на случаи, врз основа на реални жалбени предмети пред телата за правна заштита приспособени за целите на работилницата.