ЗА КОМИСИЈАТА

Со цел да се хармонизира системот на јавните набавки во Република Македонија со правниот систем на Европската Унија (acquis communautaire), а сето тоа во насока на приближување на Република Македонија кон Евро – атланските интеграции, основана е Државната комисија за жалби по јавни набавки.

 

Државната комисија за жалби по јавни набавки е надлежна за решавање жалби во постапката за доделување на договори за јавни набавки и е самостоен државен орган со својство на правно лице. Државната комисија обезбедува правна заштита врз основа на принципите на законитост, ефикасност, економичност и контрадикторност на постапката.

 

Визија на Државната комисија за жалби по јавни набавки, е да придонесе за засилување на целокупниот систем на јавни набавки, преку квалитетна и транспарентна работа.

Мисија на Државната комисија е да обезбеди брза, oбјективна и ефикасна правна заштита во постапките за доделување договори за јавни набавки, концесии и јавно приватно партнерство. Правната заштита е достапна во сите фази на постапката, од објавата на огласот до доделувањето на договорот за јавна набавка.

 

Ваквата правна заштита го промовира одржувањето и развојот на системот на јавни набавки заснован на принципите на конкуренција, еднаков третман и недискриминација на економските оператори, транспарентност и интегритет во процесот на доделување на договори за јавни набавки, концесии и ЈПП, како и на рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките за доделување договори.

 

Оваа своја мисија Државната комисија ја остварува, пред се, преку спроведување на Законот за јавните набавки и Законот за концесии и јавно приватно партнерство при што се потврдува дека тие се реално и практично остварливи, во чекор со современите потреби и реформските текови во Република Македонија.

Државната комисија за жалби по јавни набавки е конституирана со именувањето на претседателот и четирите члена со Одлука на Собранието на Република Македонија на 4 ноември 2008 година.

 

По истекот на овој мандат врз основа на Одлуката бр.07-4540/1 од 21.11.2013 година, со која Собранието на Република Македонија повторно ги именува Маја Малахова за претседател, Мишо Василевски, Сузана Раваноска и Елита Шуки за членови.

 

Државната комисија одлучува на седници со мнозинство гласови на членовите, а членот не може да се воздржи од гласањето. Седниците на Државната комисија ги свикува и со нив раководи претседателот, а во негово отсуство заменик - претседателот, кој се бира до редот на членовите на Државната комисија. За својата работа Државната комисија поднесува писмен извештај еднаш годишно до Собранието на Република Македонија.

 

Државната комисија има стручна служба со која раководи генерален секретар. Државната комисија е организирана во два сектори и четири одделенија.

 

Персонален состав на Државната комисија:



ПРЕТСЕДАТЕЛ:

Маја Малахова

 

ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ:

Сузана Раваноска

 

ЧЛЕНОВИ:

Елита Шуки

Томо Томовски

Мишо Василевски

 

СТРУЧНА СЛУЖБА:

Сања Минкова, генерален секретар

Билјана Иванов, раководител на сектор

Драгица Куноска, помошник раководител на сектор

Христина Ивановска-Тасевска, раководител на одделение

Влатко Настов, советник

Савка Нејковска Тасева, советник

Ирена Шумкоски, советник

Златко Ќиќерковски, виш соработник

Кристина Ташковска, соработник

Софија Драгоманска, соработник

Елеонора Левкоска, помлад соработник

Валентина Стојановска, самостоен референт

Димитар Поповски, возач II