С О О П Ш Т Е Н И Е

Државната комисија за жалби по јавни набавки на 65-та Седница одржана на ден 13.12.2016 година, постапувајќи во согласност со член 202 став 6 од Законот за јавните набавки, како и во согласност со член 5 од Деловникот за начинот и работа и одлучување на Државната комисија за жалби по јавни набавки, одлучуваше за избор на заменик – претседател на Државната комисија.

 

Врз основа на наведеното, Државната комисија за жалби по јавни набавки во состав Маја Малахова – претседател, Елита Шуки – член, м-р Мишо Василевски – член, Сузана Раваноска – член и Томо Томовски – член, едногласно одлучи започнувајќи од 19.12.2016 година во следните шест месеци, функцијата заменик – претседател да ја извршува членот Томо Томовски.