Тркалезни маси

1.jpg

Членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки на 15ти декември и 19ти Декември 2017 година во Хотел „Сити Парк“ Скопје одржаа две тркалезни маси на тема: „Најчести повреди во постапките за доделување на договор за јавна набавка кои ги прават договорните органи од донесувањето на одлуката за јавна набавка до склучувањето на договорот“ и  „Повреди кои што ги прават економските оператори при учество во постапките за доделување на договори за јавни набавки (констатирани од страна на ДКЖЈН)“.

На обуките беа присутни четриесетина претставници на договорните органи, како и четриесетина претставници на економските оператори кои имаа можност преку презентацијата од страна на Државната комисија да се едуцираат, да земат учество во активната дискусија и да разменат искуства при спроведувањето на постапките за доделување на договор за јавна набавка.