ЗА КОМИСИЈАТА

Со цел да се хармонизира системот на јавните набавки во Република Македонија со правниот систем на Европската Унија (acquis communautaire), а сето тоа во насока на приближување на Република Македонија кон Евро – атланските интеграции, основана е Државната комисија за жалби по јавни набавки.
 
Државната комисија за жалби по јавни набавки е надлежна за решавање жалби во постапката за доделување на договори за јавни набавки и е самостоен државен орган со својство на правно лице. Државната комисија обезбедува правна заштита врз основа на принципите на законитост, ефикасност, економичност и контрадикторност на постапката.
Визија на Државната комисија за жалби по јавни набавки, е да придонесе за засилување на целокупниот систем на јавни набавки, преку квалитетна и транспарентна работа.
 
Мисија на Државната комисија е да обезбеди брза, oбјективна и ефикасна правна заштита во постапките за доделување договори за јавни набавки, концесии и јавно приватно партнерство. Правната заштита е достапна во сите фази на постапката, од објавата на огласот до доделувањето на договорот за јавна набавка.
Ваквата правна заштита го промовира одржувањето и развојот на системот на јавни набавки заснован на принципите на конкуренција, еднаков третман и недискриминација на економските оператори, транспарентност и интегритет во процесот на доделување на договори за јавни набавки, концесии и ЈПП, како и на рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките за доделување договори.
 
Оваа своја мисија Државната комисија ја остварува, пред се, преку спроведување на Законот за јавните набавки и Законот за концесии и јавно приватно партнерство при што се потврдува дека тие се реално и практично остварливи, во чекор со современите потреби и реформските текови во Република Македонија.
Државната комисија за жалби по јавни набавки е конституирана со именувањето на претседателот и четирите члена со Одлука на Собранието на Република Македонија на 4 ноември 2008 година.
По истекот на овој мандат врз основа на Одлуката бр.07-4540/1 од 21.11.2013 година, со која Собранието на Република Македонија повторно ги именува Маја Малахова за претседател, Мишо Василевски, Сузана Раваноска и Елита Шуки за членови.
 
Државната комисија одлучува на седници со мнозинство гласови на членовите, а членот не може да се воздржи од гласањето. Седниците на Државната комисија ги свикува и со нив раководи претседателот, а во негово отсуство заменик - претседателот, кој се бира до редот на членовите на Државната комисија. За својата работа Државната комисија поднесува писмен извештај еднаш годишно до Собранието на Република Македонија.
Државната комисија има стручна служба со која раководи генерален секретар. Државната комисија е организирана во два сектори и четири одделенија.
Персонален состав на Државната комисија:
 

ПРЕТСЕДАТЕЛ:
Маја Малахова, e-mail: maja.malahova@gs.gov.mk, тел. 02/ 3251-251
 
ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ:
Елита Шуки, e-mail: elita.suki@gs.gov.mk, тел. 02/ 3251-254
 
ЧЛЕНОВИ:
Сузана Раваноска, e-mail: suzana.ravanoska@gs.gov.mk, тел. 02/ 3251-256
Томо Томовски, e-mail: tomo@gs.gov.mk, тел. 02/ 3251-255
Мишо Василевски, e-mail: miso.vasilevski@gs.gov.mk, тел. 02/ 3251-261
 
СТРУЧНА СЛУЖБА:

  • Сања Минкова Шетловска, Генерален Секретар, e-mail: sanja.minkova@gs.gov.mk, тел. 02/ 3251-264
  • Зоран Трајановски – Раководител на сектор за логистика, финансиски прашања, информатички системи и човечки ресурси, e-mail: zoran.trajanovski@gs.gov.mk, тел. 02/ 3251-267
  • Билјана Иванов, Раководител на сектор за решавање по жалби за јавни набавки, концесии и јавно приватно партнерство, e-mail: biljana.vakanska@gs.gov.mk, тел. 02/ 3251-257
  • Христина Ивановска-Тасевска, Раководител на одделение за финансиски прашања и управување со човечки ресурси, e-mail: hristina.tasevska@gs.gov.mk, тел. 02/ 3251-265
  • Савка Нејковска Тасева, Советник за решавање по жалби за јавни набавки од државни органи, e-mail: savka.nejkovska@gs.gov.mk, тел. 02/ 3251-264
  • Ирена Шумкоски, Советник за решавање по жалби за концесии и јавно приватно партнерство, e-mail: irena.sumkoski@gs.gov.mk, тел. 02/ 3251-259
  • Златко Ќиќерковски, Виш соработник за подготовка и реализација нa седници, e-mail:zlatko.kikerkoski@gs.gov.mk, тел. 02/ 3251-263
  • Кристина Ташковска, Соработник - административен асистент на Претседателот, e-mail:kristina.taskovska@gs.gov.mk, тел. 02/ 3251-251
  • Софија Драгоманска, Соработник - администратор, e-mail: sofija.dragomanska@gs.gov.mk, тел. 02/ 3251-266
  • Елеонора Левкоска, Помлад соработник - администратор, e-mail: eleonora.levkoska@gs.gov.mk, тел. 02/ 3251-266
  • Валентина Стојановска, Самостоен референт за архивски работи, e-mail:vale.stojanovska@gs.gov.mk, тел. 02/ 3251-260
  • Димитар Поповски, Возач II