С О О П Ш Т Е Н И Е

Државната комисија за жалби по јавни набавки на 26-та Седница одржана на ден 25.05.2017 година, постапувајќи во согласност со член 202 став 6 од Законот за јавните набавки, како и во согласност со член 5 од Деловникот за начинот и работа и одлучување на Државната комисија за жалби по јавни набавки, одлучуваше за избор на заменик – претседател на Државната комисија.

С О О П Ш Т Е Н И Е

ДРЖАВНАТА КОМИСИЈА ЗА ЖАЛБИ ПО ЈАВНИ НАБАВКИ ГИ ИЗВЕСТУВА СИТЕ ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОРИ, ДОГОВОРНИ ОРГАНИ И ОСТАНАТИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СТРАНКИ ДЕКА ПРИЕМ НА ПИСМЕНА ВО АРХИВАТА, ЗАПОЧНУВАЈЌИ ОД 01.09.2017 ГОДИНА ЌЕ СЕ ВРШИ СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН ОД 08:30 ЧАСОТ ДО 15:00 ЧАСОТ.

СООПШТЕНИЕ

Почитувани,

 

Државната комисија за жалби по јавни набавки ги известува сите економски оператори, учесници во постапката на правна заштита, дека согласно наодот од Ревизорскиот извештај бр.11-56/5 од 25.04.2017 година за извршена ревизија од страна на Одделението за внатрешна ревизија во Секторот за решавање жалби по јавни набавки, концесии и јавно приватно партнерство, како и согласно член 212 став 2 од Законот за јавните набавки, почнувајќи од 01.09.2017 година повеќе нема да праќа опомени до економските оператори за плаќање на административна такса и надомест за водење на жалбена постапка.

 

Тркалезна маса: „Најчести повреди во постапките за доделување на договор за јавна набавка кои ги прават договорните органи“

Државната комисија за жалби по јавни набавки на 6ти декември, 2016 година во Хотел „Сити Парк“ Скопје одржа Тркалезна маса на тема: „Најчести повреди во постапките за доделување на договор за јавна набавка кои ги прават договорните органи“.

 

На обуката беа присутни педесет претставници на договорните органи, кои имаа можност преку презентацијата на Државната комисија да се едуцираат, да земат учество во активната дискусија и да разменат искуства при спроведувањето на постапките за доделување на договор за јавна набавка.

Pages