Почитувани посетители, Добредојдовте на интернет страницата на Државната комисија за жалби по јавни набавки  


Искрено се надеваме дека овде ќе ги пронајдете сите информации за спознавање на системот за правна заштита во постапките за доделување на договори за јавни набавки, концесии и јавно приватно партнерство во Република Македонија.

 

Со цел да се хармонизира системот на јавните набавки во Република Македонија со правниот систем на Европската Унија (acquis communautaire), а сето тоа во насока на приближување на Република Македонија кон Евро – атланските интеграции, основана е Државната комисија за жалби по јавни набавки.

 

Државната комисија е самостоен државен орган со својство на правно лице кое работењето и одлучувањето ги има уредено со Деловник. Државната комисија е составена од претседател и четири членови - именувани од Собранието на Република Македонија кои функцијата ја извршуваат професионално за период од пет години. Државната комисија има и стручна служба во која вработените имаат статус на државен службеник.

 

Мисија на Државната комисија е да обезбеди брза, oбјективна и ефикасна правна заштита во постапките за доделување договори за јавни набавки, концесии и јавно приватно партнерство. Правната заштита е достапна во сите фази на постапката, од објавата на огласот до доделувањето на договорот за јавна набавка.

 

Вашите коментари и предлози можeтe да ги праќате по е-пошта на адреса: dkzjn@gs.gov.mk

И З В Е С Т У В А Њ Е  



Се известуваат договорните органи дека при вложување на жалби против решенијата на Советот за јавни набавки, потребно е жалбите истовремено да ги достават до Државната комисија за жалби по јавни набавки и до Советот за јавни набавки.

С О О П Ш Т Е Н И Е  

 

За комуникација со граѓани кои имаат некаков вид и степен на попреченост со цел укажување на помош, Државната комисија го назначи државниот службеник:

 

Савка Нејковска Тасева

Телефон: 02 3251-263

факс : 02 3251-250

Syndicate content